МОЖНОСТИ ЗА СТУДИРАЊЕ

И Н Ф О


    На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Катедрата за славистика полонистиката се изучува на три нивоа.

krugce 2 Oд уч. 1994/95 група полски јазик и книжевност како главна насока (популарно наречена А насока). Тоа се четиригодишни студии (8 семестри), околу 22 часа неделно и задолжителен избор на втор главен предмет (под Б) и пишување на дипломска работа (Види детаљно...) од македонско-полска јазична или литературна конфронтација. Согласно со потребите на Република Македонија запишувањето на главната насока (под А) е генерациски ограничено (кога една генерација ги завршува полонистичките студии во наредната уч. година започнува новата генерација):

  • Прва генерација полонисти запишани уч. 1994/1995 – апсолвирани уч. 1997/1998;
  • Втора генерација полонисти запишани уч. 1998/1999 – апсолвирани уч. 2001/2002;
  • Трета генерација полонисти запишани уч. 2002/2003 – апсолвирани уч. 2005/2006;
  • Четврта генерација полонисти запишани уч. 2006/2007.

krugce 4 Од уч. 1983/1984 група полски јазик и книжевност како втора главна насока (популарно наречена Б насока). Тоа се тригодишни студии (6 семестри), 8 часа неделно и пишување на семинарска работа (Види детаљно...)  од македонско-полска јазична или литературна конфронтација;

krugce 1 Од уч. 1959/60  полски јазик како странски јазик (популарно наречена Ц насока). Тоа е едногодишен или двегодишен курс (2 или 4 семестри), 8 часа неделно. Курсот овозможува пасивно знаење на полскиот јазик и користење на предметна литература на полски јазик во рамките на главните предмети под А и под Б што се студираат на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, како и минимум комуникација во полска средина(Повеќе...).

Подигнување на нивото на полонистиката од ниво на странски јазик (под Ц) до главна насoка (под А) и втора главна насока (под Б) се случи благодарение на присуството и залагањата на академик Зузана Тополињска.

krugce 3 Од уч. 1997/1998 постои насока по полски јазик за постдипломски (магистерски) студии од областа на лингвистиката (македонско-полска и полско-македонска јазична конфронтација).

 

МОЖНОСТИ ЗА СТУДИРАЊЕ НА ПОЛОНИСТИЧКИ ПРЕДМЕТИ СПОРЕД  ЕКТС ВО УЧ. 2007/2008 ГОДИНА
...Види деталнo


Оваа учебна година 2007/2008 покрај ВАШАТА МАТИЧНА НАСОКА на која сте се запишале и за која сте добиле индекс,  како
ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ (ОПЦИОНИ)
можете да ги изберете ПОЛОНИСТИЧКИТЕ ПРЕДМЕТИ (ИЛИ ЦЕЛИ ПАКЕТИ ПОЛОНИСТИЧКИ ПРЕДМЕТИ)  кои ќе Ви донесат доволен број на кредити

ШТО ПОЛОНИСТИЧКО ДА ИЗБЕРАМ?

bibl
Пакет полски јазик и книжевност како втор главен предмет....Види детаљно
Пакет полски јазик како странски јазик.....Види детаљно
Полски јазик и книжевност.....Види детаљно
Изборен предмет опционален.....Види детаљно

KАКО ДА ИЗБЕРАМ?

КАКО И КАДЕ ДА СЕ ПРИЈАВАМ?
Лице за контакт:
Проф. Милица  Миркуловска mmirk@yahoo.com

Почетна

Изработено