Македонија-Полска
 
 
БЕРОВО
 
БЕРОВО

Малешевијата на дланка

Малешевијата ја нарекуваат мала Швајцарија. Питома и мирна исто толку и дарежлива, таа сеуште е неоткриен дел од природата. Берово е мелем за очи и рај за душата, недопрена природа што само чека д абиде искористена. Богаство од букови, борови, дабови, шуми го одредиле и нејзиното име „Малеш - планина”. За оние што никогаш не го посетиле Берово, ќе им биде потешко да ја разберат убавината на ова место само преку слики. Кога си во Берово имаш чувство дека си во некое тивко засолниште на крајот од светот, соочен со себеси, небото над тебе и земјата на која стоиш, во присуство на постоечкиот Господ.

МЕСТОПОЛОЖБА


Малешевијата се наоѓа во источниот дел на Македонија, на надморска височина од 670 до 1050 метри. Таа се простира по долините на државната граница со Р. Бугарија, природно заградена од исток со планините Кадиница и Влаина, и со источните падини на Малешевските планини со врвовите Голем Требомир и Ченгино Кале, од запад со планините Плачковица, Обозна и Голак, од југ со планините Огражден и Џами Тепе и од север со врвот на Бејаз Тепе.

КЛИМА,ФЛОРА И ФАУНА


Малешевијата се наоѓа на просторот меѓу реките Вардар и Струма, заградено со високи планини, поради што е оневозможено влијанието на морските струења по долините на споменатите реки. Просечната облачност во годината изнесува 52% или нешто повеќе од пола година небото е покриено со облаци.Облачноста е најмала во август, јули и септември. Најсончево е во август и јули, а најмалку во декември.Врнежите се нерамномерно распоредени и најмногу ги има во мај, јуни и ноември.Климата е планинско континентална. Од шумите најзастапени се боровата шума, дабовата шума и буковата шума . Како резултат на долгогодишното интензивно искористување на дабовите шуми, тие се сега во фаза на формирање на млади садници со различна густина. Буковиот појас е застапен во планинскиот и подпланинскиот појас. Вториот појас најчесто е испрекинат и неконтинуиран. Подобро се зачувани горските букови шуми, тие се од големо значење за шумското стопанисување. Во појасот на буковите шуми се јавуваат ацидофилни борови шуми. Над нив има комплекси од бел бор , реликтни шуми, со добар квалитет во сливот на Ратевска Река. Ливадите се малку застапени и тоа во близина на реката Брегалница. Поради потиснување на шумите, брдските пасишта се протегаат на големи пространства, спротивно од планинските пасишта се застапени во мал обем. Како составен дел на биоценозата во подрачјето на општината се среќаваат најразлични форми од групата на водоземците, цицачите, влечуги, птици и скакулци. Групата на птици и цицачи од оделни биотопи ја сочинуваат бројни асоцијации, со бројни единки кои се среќаваат од најниски до највисоки надморски височини. Од влакнест дивеч се среќаваат: зајак, срна, волк, дива свиња, лисица, дива мачка, куна, јазовец, видра, ласица. Од перјаст дивеч се среќаваат: камењарка и полска еребица, фазан, гулаб, грлица, подполошка, диви пајки, јастреби, шљуки, лиски, лештерки, страчки, гаврани, чавки, орли и др.Од редот на птици загрозена е еребицата камењарка, а од ситен и крупен дивеч загрозени се еленот и срната- од крупен дивеч, а зајакот од ситниот дивеч.
ТРАДИЦИОНАЛНИ ВРЕДНОСТИ на кујната се претставени во овој крај со дрвени садови кои што одразуваат многи вековина живеење. Храната и пиењето се подготвени со многу трпение и љубов ,од нектарот на природата.Неколку видови на храна кои нудат уникатно искуство на традиционални вкусови се : зелник, баница и качамак.

Подготвила: Маја Спасовска
 
 

 

 
  Архива
БЕРОВО
Македонија - Полска. Старата скопска чаршија
Македонија - Скопје. Црквата Свети Спас
Македонија - Скопје. Тврдината Кале
Македонија - Скопје. Камениот Мост
претходни
 
 

Назад

Изработено